Правила на користење
Правила на користење на Our Mind:
Услови за користење за јавноста и за вработените:
Спорови за приватност
Може да ги решите сите приговори, акции или спор што ги имате со нас, и кои произлегуваат или се однесуваат на оваа изјава, исклучиво преку државен судски орган. Законите на државата ќе управуваат со оваа изјава, како и секое тврдење што може да се појави помеѓу Вас и нас, без да се земат предвид одредбите за судир на законот.
Доколку некој покрене тужба против нас во врска со Вашите постапки, содржина или информации на Our Mind, ќе нè обештетите од сите штети, загуби и трошоци од каков било вид (вклучително правни такси и трошоци) поврзани со таквото тврдење.
Социјални мрежи и Our Mind
Дел од услугите може да и овозможуват на веб-страната да пристапи до податоците на Вашиот профил на социјалните мрежи . Овие услуги не се активираат автоматски, туку бараат експресно овластување од корисникот.
Корисниците можат да споделуваат информации и податоци доставени на оваа страна преку социјалните мрежи на кои е регистриран Корисникот, прифаќајќи ја нивната Полиса за приватност. Преку Фејсбук / Инстаграм / LinkedIn - специјални копчиња ги вршите овие услуги, а условите на нивно користење се во согласност со со Полисата за приватност на тие копании кои гарантираат бебедно ракување со лични податоци.
Завршни зборови од Our Mind
Ние се обидуваме да го чуваме Our Mind безбеден, но Вие го користите на Ваш сопствен ризик, без никакви експресни или имплицитни гаранции од наша страна. Не гарантираме дека Our Mind ќе биде безбеден. Our Mind не е одговорен за постапките, содржината, информациите или податоците на трети лица, а Вие нас, нашите директори, службеници, вработени и соработници, не` ослободувате од какви било побарувања и штети, познати и непознати, кои произлегуваат од, или на кој било начин се поврзани со, било какво тврдење, против било кои трети страни.
Ние ја цениме Вашата доверба за нашата платформа и со најголема почит пристапуваме кон Вашата приватност. Сите информации што не се наведени погоре се чуваат строго приватно помеѓу Психолошкиот советник и Корисникот. Чувањето датотеки е во корист на безбедноста и на Корисникот и на Психолошкиот советник. Our Mind не е одговорен за изгубени / изложени / искористени податоци заради природата на Интернет и дигитални средини, вклучително и незаконски активности на хакери и криминалци, технички дефекти на серверите и базата на податоци итн. Ова се прифатени ризици на нашите корисници и корисници на Интернет воопшто. Со потврдата на оваа Полиса на приватност, Вие се согласувате со овој стандард за користење на нашата страна.
Our Mind го задржува правото да ја измени оваа изјава за приватност во секое време без претходна најава, а само тековната изјава за приватност може да се смета за важечка. Без оглед на подоцнежните ажурирања или измени во нашата Полиса за приватност, ние никогаш нема да ги користиме информациите што ги доставувате во рамките на тековната полиса за приватност, на нов начин, пред претходно известување и можност да ги повлечете информациите.
Со почит раководството на ourmind.mk.
Внимание!
Платформата Our Mind, во понатамошниот текст Платформата, водена од своите мотиви, како и заради заштита на своите вработени и запазување на законот за психолошка дејност, своите услуги ги дефинира како Совети и Консултации од областа на Менталното здравје.
Платформата не служи за Психотерапија заради: самата природа на консултациите т.е видео врска, неможност за процена на телесни експресии на клиентот, неможност за користење на психолошки тестови и сл.
Платформата освен за совети и консултации, му користи на поединецот и за читање на бесплатна содржина, како и за учество на најразлични предавања и обуки организирани од психолозите на истата.
Платформата е создадена со цел да му овозможи на поединецот побрзо решавање на животните предизвици и проблеми, подобро функционирање, подобар животен квалитет, поефективна работа и пооптимално искористување на својот потенцијал, а со тоа побрзо остварување на своите животни цели.
Консултациите и советите кои ги даваат психолозите на платформата не го заменуваат физичкото присуство кај Психолог советник, Психотерапевт и Психијатар. По потреба нашите психолози може да Ви препорачаат понатамошни советувања и психотерапија во соодветни советувалишта. Дел од психолозите веќе обавуваат советување во свои здруженија и советувалишта и истите може да ви препорачаат сеанса со физичко присуство.
Платформата бидејќи не е основана исклучиво за психолошко советување, туку на истата се одржуваат предавања и активности на различни теми поврзани со ментално здравје, дел од психолозите не се лиценцирани, туку учествуваат на Платформата како Дипломирани психолози.
Затоа при избор на Психолог, Ве молиме да внимавате на следните термини:
Психолог - Советник е дипломиран лиценциран психолог, со работно искуство во одредена област и завршен одреден степен на доедукација од областа на: Семејно и системско советување, Гешталт психотерапија, Трансакциска анализа, Когнитивно-Бихевиорална терапија итн. Работи самостојно или под супервизија на постар психолог. Областите на работа се наведени во профилот на секој Психолог-Советник. Цената на услугата ја дефинира самиот психолог, но во ранг од 800 до 1500 денари.
Психолог- Консултант е дипломиран психолог, со/без лиценца, со кратка доедукација/обука/курс во одредена област. Овие психолози може да Ви помогнат во анализа и согледување на вашиот животен предизвик, но само за одредени области, кои се наведени во профилот на психологот, но НЕ вршат психолошко советување и психотерапија. Овие психолози веројатно ќе ви препорачаат понатамошни советувања кај соодветен Психолог-Советник или Психотерапевт. Цената на консултациите е во ранг од 500 до 800 денари.
Психолог- Волонтер во делот Како да избереш психолог, се млади психолози, без лиценца, кои сеуште обавуваат стаж. Истите можат да ви помогнат исклучиво во пронаоѓање на соодветен психолог-советник. Одговараат на кратки прашања и истите се бесплатни за корисникот.
Сите психолози може да учествуваат самостојно или под надзор на постари психолози во: предавања и обуки за личен раст и развој, коучинг, обуки за поединци, фирми, спортски тимови итн.
Со почит,
Тимот на Our Mind
Полиса за приватност
Оваа Полиса за приватност ги опишува информациите што ги собираме, како ги користиме и стандардите и процедурите што се воспоставени за да се заштитат вашите лични информации од јавен карактер.
Our Mind платформата, нејзиниот персонал и соработници строго се придржуваат до оваа Полиса за приватност и безбедносните практики и процедури опишани овде, за да се обезбеди доверливост на информациите за клиентите. Политика на Our Mind е да се усогласи со сите државни закони и регулативи во врска со приватноста на информациите на нашите клиенти и приватните здравствени информации.
Добиваме бројни различни видови информации за вас, вклучувајќи ги информациите што се потребни кога се најавувате за страната, како и информациите што ќе изберете да ги споделите.
Освен податоци кои се дозволени со закон или како што е поинаку опишано подолу, Our Mind не открива никому Приватни информации за неговите клиенти, поранешни клиенти или вработените, на никого. Our Mind не продава списоци или информации за клиенти.
Информациите што Our Mind ги користи за клиенти, се:
Our Mind собира податоци за вработените и соработниците:
Според закон: лични информации - како што се Вашето име, адреса и датум на раѓање - за да го потврдиме вашиот идентитет и банкарски информации.
Our Mind собира, задржува и користи приватни информации од вработени и соработници, вклучувајќи го следново:
Ние ги чуваме доверливо Вашите информации, освен во случај кога откривањето е потребно или дозволено со закон. Општо, ние ги користиме Вашите информации само во рамките на нашата компанија. Сепак, понекогаш користиме трети лица за обработка на Вашите информации (на пример, како даватели на плаќања со кредитни картички). Од овие трети страни бараме строго да се придржуваат до нашите упатства и бараме тие да не ги користат Вашите лични информации за нивни деловни цели.
Our Mind ги користи собраните информаци на следниот начин:
Користи неидентификувани и збирни информации за подобро дизајнирање на нашата веб-страница и за истражување и анализа на трендови. На пример, може да му кажеме на огласувач дека Х број на лица посетиле одредена област на нашата веб-страница или дека Y број на мажи и Z број на жени пополниле анкета или формулар за веб-страница, но ние не би откриле ништо што може да се користи за идентификување на тие лица. Ние им обезбедуваме податоци на нашите партнери, доколку ги има , откако ќе го отстраниме Вашето име и која било друга лична идентификациска информација од истата.
Our Mind користи неидентификувани и збирни информации за проценка на клиничките резултати (лични проценки) и честотата на користење на услугата Our Mind. Овие чекори ја подобруваат евалуацијата на програмата.
Откривање на лични информации
Ние не споделуваме не-јавни лични информации за нашите клиенти (сегашни, поранешни и потенцијални) со никого, освен како што се бара со закон, или како што следува:
Заштита: Како ги штитиме личните информации
Ние го ограничуваме пристапот до информации за Вас на оние вработени кои треба да ги знаат тие информации како дел од нивните работни одговорности. Исто така, ги едуцираме нашите вработени за важноста на доверливоста и приватноста на клиентите преку стандардни оперативни процедури, специјални програми за обука и нашиот Кодекс на однесување, како и Етичкиот кодекс донесен од Комората на психолози. Превземаме соодветни дисциплински мерки за спроведување на одговорностите за приватност на вработените. Имаме развиено мерки на претпазливост што е во согласност со законските регулативи за да се осигура безбедноста и доверливоста на евиденцијата и информациите на клиентот, да се заштитиме од какви било очекувани закани или опасности по безбедноста или интегритетот на таквите записи и да се заштитиме од неовластен пристап до или употреба на такви записи или информации што може да резултираат со значителна штета или непријатност за нашите клиенти или за нашите вработени.
Our Mind одржува строги процедури за безбедност на информациите, вклучително физички, електронски и процедурални заштитни мерки, за да се заштити доверливоста на Вашите информации. Ние спроведуваме полугодишни проценки на приватноста на ризиците и ја обновуваме нашата технологија за да ја подобриме заштитата на складирањето на информации.
Ние ги штитиме не-јавните лични информации преку:
Ние исто така може да користиме колачиња (cookies) за да ги зачуваме Вашите преференции во врска со употребата на нашата веб-страница. Многу страници го прават тоа секогаш кога корисник ја посетува нивната веб-страница со цел да ги следи протоците на сообраќај.
Со почит раководството на ourmind.mk.