[email protected] 071/566-328
Довербата како значаен фактор за стабилна емоционална врска во партнерските релации

Довербата како значаен фактор за стабилна емоционална врска во партнерските релации

Стекнувањето и одржувањето на доверба во врската е долг и континуиран процес во кој постојано треба да се вложува и посветено да се работи на зајакнување на истата. Довербата е дел од многуте фактори кои влијаат на тоа врската да биде стабилна, но нејзиното значење е навистина големо во процесот на градење на стабилна емоционална врска.

Стекнувањето и одржувањето на доверба во врската е долг и континуиран процес во кој постојано треба да се вложува и посветено да се работи на зајакнување на истата. Довербата е дел од многуте фактори кои влијаат на тоа врската да биде стабилна, но нејзиното значење е навистина големо во процесот на градење на стабилна емоционална врска.

 

Кои се фактори за стабилна емоционална врска?


Како позначајни фактори во градењето на стабилна емоционална врска во партнерските односи може да се издвојат неколку и тоа:

‌Доверба

‌Искреност

‌Флексибилност

‌Трпение

‌Благодарност

‌Почит

‌Посветенос

‌Покажување интерес

‌Комуникација

 

Александар Тушевски, психолог, врски и парови

 

Што претставува и какво е значењето на довербата во партнерските односи?


Значењето на довербата како фактор за стабилна врска е навистина големо и истата има влијание на другите фактори од кои зависи квалитетот на врската.
Според едно истражување се укажува на тоа дека квалитетот на романтичната врска поттикнува психосоцијална благосостојба.
Воедно мора да се напомене дека и останатите фактори се исто толку важни и сите меѓусебно се поврзани и си влијаат едни на други.
Довербата е потребна за силна, здрава, стабилна и блиска емоционална врска.
Недостатокот на довербата доведува до нестабилност и е индикатор за развој на проблеми во врската.
Поголем степен на доверба би значело и поголема стабилност во емоционалната врска.

 

Како се гради довербата?

‌Да се даде до знаење дека има можност да се потпрете еден на друг;

‌Креирање на можност да се чуствувате слободно да покажете еден пред друг ранливост и слабост;

‌Кажувајте го она што го мислите;

‌Не ветувајте работи кои не планирате да ги исполните;

‌Следете го, односно покажете, поткрепете го со дела она што го кажувате;

‌Покажете почит. Секогаш кога со однесувањето покажувате непочитување кон партнерот, го зголемувате предизвикот за партерот да има доверба во вас.

 

Според некои автори врските се развиваат и одржуваат преку процес на самооткривање што создава чувство на значење, меѓусебна поврзаност и обединување помеѓу две лица.

Реципроцитетот и размената на информации преку откривање е критичен клучен фактор во одржувањето на односите. Овој процес се протега во релациона сигурност (или несигурност) според степенот на доверба што поединците можат да ја споделат едни со други.


Од друго спроведено анкетирање резултатите покажуваат дека недостатокот на доверба е значаен индикатор за проблеми во романтичните односи.
Има голем број на истражувања кои го потврдуваат значењето на довербата во врската, што е и очигледно. Затоа секогаш користете прилика да работите на довербата за квалитетна емоционална врска.