[email protected] 071/566-328
 КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НЕСОНИЦАТА ПО ПРИРОДЕН ПАТ?  ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ЗА МИРЕН СОН 

 КАКО ДА СЕ ОСЛОБОДИТЕ ОД НЕСОНИЦАТА ПО ПРИРОДЕН ПАТ? ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ЗА МИРЕН СОН 

Мал е бројот на луѓе кои денес може да се пофалат дека никогаш не се соочиле со несоница, затоа што оваа состојба е еден од најчестите проблеми на современиот човек, и ги погодува сите генерации. Младите поради училиштето, средновечните поради работата и финансиските проблеми, повозрасните поради „годините“. Несоницата негативно се одразува на концентрацијата и го отежнува извршувањето на секојдневните обврски, дури и на  оние најосновните, а особено ако трае со недели или месеци.

Несоницата (инсомнија) најдобро може да се дефинира како отежнат процес на заспивање. Овој процес  може да се јави поради стресот кој нема каде да се канализира, лошиот начин на исхрана, недостатокот на физичка активност или потиснат психички проблем.  Луѓето кои страдаат од несоница, стануваат уморни, нервозни и имаат отежнато функционирање во текот на денот. Ова, само по себе повлекува послаб квалитет на живот и нарушување на здравствената состојба. 

 

 

dormirin rapid




 

Како едно од најлесните решенија на овој проблем, е земањето седативи. Лековите направени по хемиски пат помагаат во  заспивањето, но не и во квалитетот на сонот. Истите имаат несакани ефекти од кои најлош е создавањето зависност доколку лекот се користи подолг временски период. Самата зависност повлекува уште послаб квалитет на живот од претходно. За да се избегне оваа ситуација, лекарите и психолозите се почесто се вртат кон  природната медицина и здравиот начин на живот. Како една од најпрепорачуваните, природни алтернативи се наведува медитацијата и аеробното вежбање кои придонесуваат за ослободување од стресот. Ова е процес на смирување на умот со дишење и/или процес на визуализација. Со често користење на оваа практика се стимулира делот од мозокот кој е задолжен на произведување на хормонот мелатонин – хормон кој го контролира внатрешниот часовник за спиење.

Освен со помош на медитацијата, мелатонинот може да се најде и во одредени прехранбени намирници како месо, овошје и зеленчук, корен од камилица и маточина, што би значело дека здравата исхрана исто така има позитивен придонес во квалитетот на сонот.

Народната медицина како најдобри природни лекови ги препорачува чајот од валериана и маточина, понатаму босилек, диво нане, липа, камилица, лаванда, хмељ. 

За среќа, не мора да трагате по секоја билка поединечно. Постојат додатоци во исхраната на природна база кои содржат комбинација на најсуштинските билки кои го помагаат сонот. 

Суплементите со мелатонин, екстракт од лист на маточина и екстракт од корен на валеријана, како што е Dormirin го помагаат сонот во смисла на полесно и побрзо заспивање, но што е исто така многу значајно, го одржуваат и квалитетот на сонот и неговиот континуитет.Затоа најмногу се препорачува кај  луѓето кои често се под стрес поради својата работа, работни обврски и одговорности, како и кај оние кои често патуваат и менуваат повеќе временски зони.

M-р по фармација, Кирил Пецевски