[email protected] 071/566-328
КАКО ДО МИРЕН И КОНТИНУИРАН ЦЕЛОВЕЧЕРЕН СОН!!!

КАКО ДО МИРЕН И КОНТИНУИРАН ЦЕЛОВЕЧЕРЕН СОН!!!

Мирниот сон е предуслов за човечкото здравје, работоспособност и добро расположение. Сепак современиот човек под притисок на секојдневните обврски, стресот и постојаното брзање, како и користење на одредени на тутун, продукти со кофеин, алкохол, стимуланси и др. многу често пати од несоница. 

 

Вообичаени критериуми за инсомнија се:

  • Подолго време од 30 минути за заспивање
  • Спиење помалку од 6 часа
  • Будење повеќе од 3 пати во текот на ноќта
  • Спиење кое е со слаб квалитет.

Околу 1/3 од возрасните имаат одредени потешкотии да заспијат или да спијат во тек на 12 месеци а според некои истражувања околу 95% од Американците имаат најмалку една епизода на инсомнија во текот на животот.

Луѓето кои имаат проблеми со несоница честопати имаат симптоми на дневна поспаност, главоболка, замор, анксиозност, раздразливост, тешкотии во концентрирањето, и нарушена способност за извршување на нормалните активности. Со еден збор НЕСОНИЦАТА  е сериозен проблем кој заначајно ГО ВЛОШУВА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ.

 

За среќа тука е: Dormirin RAPID - ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ ЗА МИРЕН СОН.

 

Што е Dormirin RAPID?

дормирин рапид

Dormirin RAPID е орален подјазичен спреј со мелатонин, со вкус на ментол. Благодарение на присутниот мелатонин како и иновативниот течен облик кој се аплицира сублингвално Dormirin RAPID е особено ефективен за воспоставување на нормалниот циклус на сон, односно ритам на спиење и будење кога тој ќе се поремети при чести патувања или при стрес и неговата предност е што не предизвикува навикнување како кај класичните фармацевтски лекови како што се седативите.

 

Предности на Dormirin RAPID:

  • Растворениот мелатонин веднаш се апсорбира и саканиот ефект настапува побрзо бидејќи се избегнува процесот на растворање по излегувањето од капсулата.
  • Дополнително ефектот настапува побрзо поради присуството на мелатонински рецептори во грлото и горниот дигестивен тракт.
  • Вкусот на ментол обезбедува свежина во текот на самата апликација, и е идеален за орална употреба пред спиење

Зошто Dormirin RAPID е Вашиот прв природен избор при несоница???

  • 80 точно одмерени дози!
  • Не Ви е потребна вода!
  • Секогаш при рака, кога ви треба најмногу! 
  • Дома после стресниот ден, или кога сте на пат!
  • Го собира во секој "џеб"
  • Не создава зависност

 

ЗЕМИ ДОРМИРИН РАПИД, БРЗО ЗАСПИЈ, И ОДМОРИ КАКО ЧОВЕК!

 

Совети за успешна терапија на несоница

  • Да не се спие повеќе од 8 часа
  • Да се намали времето поминато во кревет преку ден
  • Да се легнува и станува во исто време секој ден
  • Да се избегнува кафе и други стимуланси, алкохол и тутун пред спиење
  • алкохол пред спиење
  • Да се избегнува обилна вечера
  • Да се вежба регуларно, но најмалку 4 часа пред спиење

 

PharmaS Dormirin- Со 1 капсула до МИРЕН СОН.

 

M-p по фармација Филип Ачкоски