[email protected] 071/566-328
Поседуваш ли особини на емоционално моќна личност?

Поседуваш ли особини на емоционално моќна личност?

Да се биде емоционално писмен значи да се поседува способност за управување и регулирање на сопствените емоции на начин кој доведува до зголемување на нашата лична моќ и го подобрува квалитетот на живеење.

Што се наоѓа во првата размисла која ви доаѓа како објаснување на поимот моќ?

Според некој моќта претставува степенот на влијателност која  одредена индивидуа го поседува и манифестира во своето  дејствување во контекстот кадешто егзистира, според друг моќта зависи од  степенот на образование и  професионалната улога, според трет дефиницијата која ја одредува моќта на личноста е условена од висината на стекнатото богатство...

Но... колку моќта на една личност може да се мери според степенот на емоционалната писменост која ја покажува во социјалните контакти?

Колку пати сме биле сведоци дека високо образовани личности завршиле во клубот на професионална нереализираност?

Честопати слушаме стории за високо статуирани личности, со милионски богатства, долгогодишна професионална кариера или врвни спортисти, музичари  кои подпаднале во вителот на некој порок, се оддале на практикување на штетни навики како резултат на недоволната свесност и контрола на сопствените емоции.

Во што лежи тајната на емоционално описменетите личности кои оставаат впечаток дека имаат апсолутна контрола  и свесност за своите постапки, манифестираат емоционална флексибилност и челична смиреност...?

Според Клод Стајнер да се биде емоционално писмен значи да се поседува способност  за управување и регулирање на сопствените емоции на начин кој доведува до зголемување на  нашата лична моќ и го подобрува квалитетот на живеење.

 

психолог Виолета Георгиевска, побарај термин

Воедно да се поседува овој вид на кадарност според него која претставува моќна алатка за секојдневното делување и егзистирање, градење на конструктивни  позитивни семејни, професионални и меѓучовечки односи неопходно е да практикуваат и совладаат следниве вештини:

Спознавање на личните чувства - способност да се препознаат чувствата кои ги доживуваме, да се одреди причината која довела до нив и интензитетот со кој дејствуваат врз нашето функционирање

Препознавање на чувствата кај другите – градење на чувство на емпатија преку кои ќе ги  препознаеме туѓите чувства и на интуитивно ниво ќе ја доживееме нивната причина, значење и  интензитетот

 Управување со сопствените чувства – освен да се препознаат неопходно е да се стекне и способност за позитивно и конструктивно изразување на емоциите, односно кога, како, каде е соодветно да ги манифестираме или да се одложи нивното изразување за во некоја посоодветна прилика

Корегирање на емоционалната грешка – способност да се препознае  и признае направената емоционална грешка и штетата која таа ја предизвикала, да се превземе одговорност, да се побара извинување и зависно од конкретната ситуација да се превземе акција со која ќе се поправи стореното

Емоционална интерактивност – способност да се направи интеграција на претходно наведените карактеристики