[email protected] 071/566-328
Создајте го животот што го посакувате: како самоопределувањето ја формира вашата иднина

Создајте го животот што го посакувате: како самоопределувањето ја формира вашата иднина

Сите сме ја слушнале изреката "каде што има желба, има начин", а токму таа изрека ја отелотворува суштината на самоопределувањето. Што би значело тоа? Што е всушност да се себе-определиш?

Дефинициски објаснето, самоопределувањето е склоп на способности со кои единката прави избор и се стреми кон целно остварување, а кои пак се усогласени со личните верувања и вредности. Претставува столб врз кој се поставени нашата самодоверба и самопочит или поедноставено, тоа значи да имаме храброст да зборуваме за она во што веруваме и да донесуваме одлуки кои нè поттикнуваат да живееме живот што го одразува нашето вистинско Јас.

Да се каже гласно “Јас сакам да бидам…”, “Јас верувам дека…”, “Јас донесов одлука…” е основно човеково право и е од клучно значење за личниот раст и развој. Едноставно, ни дава чувство на контрола над нашите животи.

Меѓутоа, тоа воопшто не треба да се поистоветува со себичност или егоцентричност. Наместо тоа, станува збор за препознавање на нашите сопствени потреби, желби и преземањето акција за нивно исполнување овозможува да ги идентификуваме нашите силни страни, слабости и преференци и да го искористиме тоа знаење за да донесеме одлуки кои ќе ни послужат во креирање и развивање на нашите интереси, ја дефинира нашата автономија, слобода и чувство дека некаде припаѓаме. Но, не е секогаш лесно да се постигне. Многу надворешни фактори можат да влијаат на нашата способност да правиме избори и да ги следиме нашите цели. Може да се соочиме со општествени бариери, финансиски ограничувања или културни норми кои ги ограничуваат нашите опции. А, понекогаш и сопствениот сомнеж во себе, страв или недостаток на самодоверба може да нѐ спречи да ги преземеме неопходните чекори кон остварување на нашите соништа.

Сепак, самоопределувањето не е нешто со кое сме родени или што доаѓа природно. Тоа е вештина што можеме да ја развиеме преку вежбање и упорност. Потребно е длабоко разбирање на нашите сопствени вредности и верувања, како и храброст да преземеме ризици и да правиме тешки избори.

Кога сме самоопределени, поголема е веројатноста да истраеме во соочувањето со предизвиците, да преземеме ризици и да се вратиме од неуспесите.

Меѓу клучните стратегии кои се применуваат за развивање на самоопределувањето, се вбројува негувањето на начинот за размислување за личен раст. Ова значи прифаќање на идејата дека неуспехот, односно неуспесите, се можности за учење и сопствен развој.

Кога им пристапуваме на предизвиците со таков начин на размислување, поголема е веројатноста да истраеме пред тешкотиите и да ги сметаме грешките како можности за подобрување.

Од огромна важност е да се напомене дека треба да се опкружите со луѓе кои ве поддржуваат, кои веруваат во вас и вашите цели. Силно развиените социјални релации се потребни за да ни дадат поддршка, да помогнат да се зајакне чувството за самоопределување и да не охрабрат кога ќе се соочиме со пречки. Тогаш поголема е веројатноста да ги постигнеме нашите цели, да се чувствуваме исполнети и да живееме живот кој е верен на нашите вредности и приоритети.

На самиот крај доаѓаме до заклучок дека самоопределувањето е навистина суштинска состојка за успех. Ни дава чувство на контрола над нашите животи, ни помага да изградиме издржливост и нѐ држи мотивирани во извршувањето на нашите цели. Со разјаснување на нашите цели и вредности, негување на начинот на размислување за личен раст и опкружувањето со луѓе кои нè поддржуваат, можеме да развиеме самоопределување и да ги оствариме нашите соништа.

Запомнете, успехот не е само за талентот или среќата - туку е и одлучноста да продолжите кога работите стануваат тешки.