[email protected] 071/566-328

Александар Тушевски

„За да го разбереме умот, мора да го разбереме мозокот.” – Патрициа С. Чирчланд.

М-р Александар Тушевски е магистер во областа на Невронауката и Клиничката Невропсихологија при универзитетот во Падова, Италија. 

Додипломските студии ги завршува на Институтот за психологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје каде се стекнува со звањето дипломиран психолог. Стажантската пракса ја одработува на одделот за Неврологија, во клиничката болница во Битола.

Александар моментално работи на оделот за анатомија и невропатологија на универзитетската болница во Падова, Италија. Неговите работни активности вклучуваат истражувачка и клиничка работа во областа на Неуро-Ковид, Невродегенеративни болести, Деменција, Невро-Онкологија и генетика. 

Дел од неговата стручна позадина ја сочинуваат: Гешталт психотерапијата, Клиничката психологија и Советодавната работа. 

 Александар поминува една година во Софија, Бугарија, каде работи со личности кои одлучиле да се преселат во Бугарија, овозможувајќи им поддршка низ процесот на културолошка адаптација. Овој работен ангажман му овозможува значајно искуство при пристап во работа на Англиски јазик. Работните аспекти во областа на психологија ги насочува кон работа со невропсихолошки проблеми, анксиозност, панични напади, проблеми со процесот на спиење, интимни релации, сексуална психологија, психологија на врски и парови, работа со маргинализирани групи и слично.

Слободни термини

Александар во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]