[email protected] 071/566-328

Анастасија Георгиевска

„Се додека учам нешто, мислам дека сум добро - тоа е пристоен ден“. – Хантер С. Томпсон

Пишете ми порака за договор за термин!

Анастасија е првиот мобилен психолог во државата!

- Што значи тоа?

Тоа значи дека таа е подготвена да доаѓа на Вашата преферирана локација и да држи сесии во живо!

- Зошто?

Јас сакам луѓето да се чувствуваат комотно и сигурно, сакам да имаат атмосфера која што ќе им овозможи да се отворат и опуштат. Тоа може да биде прошетка во парк, на кафе, во домот, на планина..и слично. Јас имам хуманистички пристап и апсолутно не се поставувам супериорно, затоа што СИТЕ СМЕ ЛУЃЕ И СИТЕ ПРОБЛЕМИ СЕ ВАЛИДНИ ПРОБЛЕМИ!”.

Таа е магистер по клиничка и советодавна психологија, има завршено академија за клиничка невропсихологија и невропсихолошко тестирање, исто така има педагошко-психолошка и методска доедукација. Таа е дел од телото за сексуални и родови малцинства, телото за прва психолошка помош и дел од комисијата за признавање и усовршување на стручноста на психологот во рамките на Комората на психолози.

Aнастасија е во процес на специјализација за Медицински психолог, а исто така има завршено и базичен курс за конструктивистичка психотерапија во Србија.

Своето искуство го има стекнато низ многубројни сесии одржани со клиенти, различни интернационални тренинзи, младински размени, работилници, советувања и курсеви во рамки на психологијата, но и надвор од неа.

Таа работеше во ЦМА КРИК, a освен што е психолог, е и младински работник, што ѝ овозможува секојдневно да биде изложена на различни социјални групи, култури и луѓе.

За себеси ќе каже дека е човек на кој можеш да се ослониш, космополит, искрена, прецизна, резилиентна, духовита и благодарна.

Анастасија верува во константноста на промената!

Цената е 1400 денари за сесија во живо.

P.S Слободно пишете на нејзиниот мејл за консултации и за договарање на термин.

[email protected]

Слободни термини

Анастасија во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]