[email protected] 071/566-328

Миа Мицевска

„Опсегот на нашите мисли и однесувања е ограничен од контекстот што не успеваме да го забележиме.“

Миа Мицевска е психолог и магистрант на невропсихологија. Додипломски студии по психологија има завршено на Универзитетот во Марибор во Словенија, каде дипломира на темата: „Врската помеѓу когнитивна резерва и измерена когнитивна состојба“.

За време на студиите има стекнато пракса нудејќи психосоцијална помош на лица со деменција и нивните негуватели. Исто така, креираше и изведуваше неделни работилници за когнитивен тренинг, односно подобрување на логиката и меморијата, како дел од дневниот центар за стари лица во Залог, Љубљана. 

Барајќи нови предизвици, поминува семестар на Јагелонскиот Универзитет во Краков, Полска, каде се здобива со пошироко знаење во областа на неврофармакологија. Подоцна, започнува и краток работен ангажман во Министерството за активно стареење во Малта како дел од мобилниот тим експерти за помош на лица со деменција. 

По завршувањето на додипломските студии, го избира Универзитетот во Падова, Италија, за магистерски студии по Когнитивна Невронаука и Клиничка Невропсихологија. Таму развива особен интерес за истражувања поврзани со меморијата и се обучува за работа со најсовремена EEG опрема како лабораториски практикант во Центарот за Невронаука во Падова. 

Моментално работи на магистерска теза која е  пилотска студија за културолошка адаптација и понатамошна валидација на нов компјутерски невропсихолошки инструмент за евалуација на когнитивното функционирање кај постари лица. Студијата е од областа на култоролошка невропсихологија и е наменета за Македонската и Словенската популација, земајќи ги во предвид социоекономските и политички услови кои влијаат врз квалитетот на животот и приоритетите на луѓето во двете држави.

Мултидисциплинарниот пристап и дава уникатна перспектива при разбирање на невродегенеративните болести, оценка на когнитивната состојба кај индивидуи од различни средини, креирање на персонализирани програми за когнитивна стимулација и подигање на свеста за потребите на лицата со деменција. 

Слободни термини

Миа во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]