[email protected] 071/566-328

Николина Иваноска Котевска

„Човекот кој е одговорен за состојбата на твоите ум, срце и душа си ТИ“

Своето образование го започнува во областа на медицинските науки. Дипломира психологија на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистрира на истиот универзитет. Како специјалистички едукации поседува и лиценци за Гешталт, како и 

за кариерен советник.


Како дел од проектот на Владата на Р. Македонија ,,100-те најдобри студенти“  во 2010 година станува најмладиот професор по психологија во регионот. 


Од 2011 година, работи во скопските гимназии СУГС„Никола Карев“, СУГС „Георги Димитров“ и СГГУГС „Здравко Цветковски“ како редовен професор по психологија.


Со многуте награди и признанија кои ги има добиено, како и со духот и енергијата кои ги поседува, станува и координатор на многу проекти во областа на психологијата, но и безбедноста. Повеќе години координира со заштитата на лични податоци во училиштата, проекти со адолесценти и млади од ранливи категории, инклузија на лица со ментални абнормалности, вештини за разрешување конфликти, мотивација на ученици, проекти поврзани со кариерно советување. 


Од 2017 година води и координира кариерен центар во две гимназии.


Свој придонес има и во создавење на нови методи и техники на настава кои се користат од страна на наставниците, подготвување на професионални компетенции на директори, стручни соработници и наставници и многу други. 


Автор е на неколку прирачници за личен раст и развој кои ги користат адолесцентите. На почетокот на пандемијата создаде и youtube канал „Македонска Средношколска Психологија“ кој ги содржи сите тематски лекции кои ги работат учениците, вежби за личен раст и развој, медитации, визуелизации и останати видеа кои помагаат во подобрување на себеспознавањето и психичкото здравје на човекот.


Дополнително од искуството како професор по психологија, поседува и искуство со пракса во здравствена установа (од 2010 година). Во склоп на својата професија, работи и со клиенти во насока на психолошка поддршка, советување на разни теми кои се дел од психологијата, психодијагностиката, третман на низа психички абнормалности и променети состојби на психичкото здравје, подготвува планови и програми за личен раст и развој со континуирана поддршка, помага при надминување на стресни ситуации, трауми, помага при усовршување на техники за контрола на емоции како и останати потреби кои произлегуваат од менталното здравје на личноста.

Слободни термини

Николина во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]