[email protected] 071/566-328

Our Mind

„Нашиот живот се нашите мисли, затоа што мислата иницира идеја, идејата иницира емоција, а емоцијата иницира подвиг!“

 

Our Mind не е обична платформа каде може да најдете психолози, Our Mind е движење кое има за цел да ја крене свесноста за нас самите. 

Our Mind се води од едно мото "Нашиот живот се нашите мисли, затоа што мислата иницира идеја, идејата иницира емоција, а емоцијата иницира подвиг." 

Мисијата на Our Mind е да го промени животот барем на еден поединец. 

Визијата на Our Mind е општество со поголема свесност, а со тоа и поголема одговорност кон себеси и другите.

Кога ќе станеме свесни за нашите мисли, за нашите дејствија и за нивните причини, тогаш можеме да го погледнеме животот од друга перспектива, да сфатиме дека сѐ во светот е поврзано и се случува со причина, а сите причини потекнуваат од нашиот мал универзум, кој се вика УМ. 

Кога ќе станеме свесни, сфаќаме дека имаме контрола над нашиот живот и само ние сме одговорни за она што ни се случува. 

Тешко е да се преземе одговорност, но тоа е единствениот пат кон успешен и исполнет живот. 

Биди и ти дел од движењето Our Mind.

 

Што нуди Our Mind?

 

  • Психолошко советување (онлајн и во живо) од различни области: семејно и системско советување, развојна психологија, пренатална психологија, кариерно советување, депресија, анксиозност, панични напади итн.; 

  • Индивидуален коучинг (онлајн и во живо) за подобрување на личните перформанси и справување со трема и социјални стравови, подобрување на комуникација, усовршување на лидерски способности, јавно говорење и слично;

  • Организирање на настани (онлајн и во живо) - организирани предавања за психолози и за пошироката јавност, работилници и обуки насочени кон личен раст, разработка на книги со психолошка тематика и сл.;

  • Обуки и тренинзи за фирми (онлајн и во живо) за подобрување на комуникацијата во фирмата, разрешување на конфликти, справување со стрес на работно место, менаџирање на време, подбрување на ефикасност при работа итн.

  • Организирање на предавања, работилници и обуки за психолози (онлајн и во живо), за личен раст и развој, Гешталд психотерапја, Трансакциска анализа, Когнитив -Бихејвиор психотерапија итн.;

  • Бесплатна стручна содржина - Колумни, насочени кон зачувување на Менталното здравје и совети за секојдневните ментални потешкотии.

  • Бесплатни пораки со нашите помлади психолози - можност да добиете бесплатен одговор преку порака за вашиот предизвик.

 

Our Mind има за цел да се развива во секој аспект, а овие услуги се само дел од поголемата слика.

 

 

Верувај заедно со нас!

Креирај ги сопствените мисли и креирај го својот живот!

 

Со почит,

Тимот на Our Mind.

 

Слободни термини

Our во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]