[email protected] 071/566-328

Рената Максимова

„Јас не сум она што ми се случило.Јас сум она што ќе одлучам да станам.“

Рената Максимова е дипломиран психолог на Филозофскиот факултет, при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Има работно искуство како професорка по Психологија во гимназиско образование, и неколку годишно работно искуство како образовна  асистентка, чија улога e давање помош во надминување на секаков вид потешкотии, со кои се соочува еден ученик. 

Прогласена за ЕДУИНО АМБАСАДОРКА  во третата група амбасадори со признание за значаен придонес и исклучителна посветеност при развојот на дигиталните образовни содржини на колективниот портал ЕДУИНО, во склоп на Бирото за развој на образованието.

Дел од своето искуство стекнува уште во текот на студирањето,  извршувајќи практични и волонтерски ангажмани во институции од различен карактер, меѓу кои  ЈЗУ ,, Психијатриска болница - Скопје,, (ЦМЗ Пролет); ЈУЗ ,, Ранка Милановиќ,, - Скопје; ЈУ ,,Центар за социјална работа,, - Пробиштип; ООУ ,, Браќа Миладиновци,, - Пробиштип; ,, Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост,, - Пробиштип; ОЈУДГ ,, Астибо,, - Штип.

Постојано вложува во надоградување на своите знаења и искуства преку посета на семинари и обуки,  преку што се здобива со повеќе сертификати.

За себе вели - За мене процесот на учење не  финализира  со завршувањето на формалното образование туку е нешто кое трае во текот на целиот живот. Водејќи се од оваа начело  речиси секојдневно посетувам некој вид на обуки, читам, истражувам, осознавам и го збогатувам мојот ментален склоп и  емоционалните вештини кои се основа на воспоставувањето на конструктивни и афирмативни социјални односи во работната и општествената средина. Извршувањето на многубројни практични и волентерски ангажмани во институции од разновиден карактер, работењето со популација со различни барања, потреби  и карактеристики ми помогнаа да  созреам како личност, да навлезам во перспективата од другата страна на приказната и случувањата, да сочувствувам, разбирам и  помагам со алтруистичка природа, да се радувам на навидум малите работи и да ги ценам благодетите на она коешто постоењето ми го дава.

Области кои ги истакнува:

  • Надминување на потешкотии при совладување на училишни содржини;        
  • Поттикнување на физичкиот и емоционалниот развој на децата;
  • Социо- емоционална поддршка на деца со пречки во развојот и помош на нивните родители.

 

 

 

Слободни термини

Рената во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]