[email protected] 071/566-328

Соња Ристовска

„Бидете задоволни со она што го имате додека се борите за она што го сакате“

Соња Ристовска е дипломиран Психолог, магистер и доктор по Менаџмент во образование на Универзитет Св. „Кирил и Методиј„ Скопје.

Се едуцирала и стекнала сертификати за системска-семејна терапија, мастер обучувач за национална рамка на квалификации, мастер обучувач за учење преку работа, тренер за тренери, кариерен советник и многу други.

Својата кариера ја започнува како Психолог со потесна специјалност во индивидуалното и семејното советување, психодијагностика, користење на психолошки мерни инструменти и професионална ориентација на младите. Набрзо кариерниот развој го насочува во областа на менаџментот и развој на човечките ресурси, и во континуитет на тоа, започнува да се занимава со претприемништво, управување  и раководење со образовна институција.

Паралелно работи во невладиниот сектор како основач и претседател на ТЕРА- Асоцијација за тренинг, едукација, истражување и развој, во чии рамки е носител на:

Голем број истражувања и проекти за развој на организациска култура;

Обуки за вработени во компании преку on-job training, на тема: „Справување со тешки клиенти“;

Обуки за агенти за продажба, на тема: „Комуникации и преговарање“

Голем број обуки за наставници, на тема „Методи и техники за креативна настава и оценување“;

Обуки за ранливи групи на млади, на теми: „Социјална инклузија“, „Кариерно советување“ и „Психосоцијална зрелост“;

Обуки за студенти, на тема: „Како да се учи, памти и концентрира“, и слични други обуки.  

Седум години работи како предавач во едукативен центар КДС за „Професионална етика и деловна комуникација“ и во истата област реализирала голем број на тренинзи во регионот. Последните неколку години работи како национален експерт за политики во стручното образование.

Посебен интерес и достигнувања забележува  како тренер за личен развој и семинари, на теми  од: позитивна психологија, патот до среќата и позитивната мисла, свесност и внимателност, работно - семеен баланс, воспитување на млади со висока емоционална интелигенција, стилови на учење и однесување,  помагање на родители и деца со потешкотии во учењето, работа со ранливи категории на млади луѓе,  унапредување на менталното здравје и сл.

Автор е на учебник по „Психологија на трудот“ за специјалистичко образование, голем број прирачници како што се: „Менторирање за квалитет во работата“, „Мотивирање за учење и работа“, „Протокол за организациска култура“, „Прирачник за активни методи во наставата“, „Прирачник за улогата и функцијата на психологот во училиштата“, „Водење на младински канцеларии“, „Работата на училишните одбори“, „Прирачник за професионална ориентација на младите“ и многу други.

Ова платформа ја гледа како предизвик за споделување на искуствата и помагање на помладите колеги и граѓаните за професионален и личен развој врз принципите на позитивната психологија, подобрување на релациите меѓу вработените, зголемување на задоволството од работата и постигнување на баланс меѓу професионалниот и личниот живот.

Слободни термини

Соња во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]