[email protected] 071/566-328

Зорица Серафимовска Арсовска

„Животот не поставува граници!“

Зорица Серафимовска Арсовска е дипломиран Психолог, со долгогодишно работно искуство и низа задоволни клиенти.

Вложува во себеси преку најразлични едукации и тренинзи во повеќе области, па така таа денес е: Трансакциски аналитичар, Лиценциран организациски психолог, Сертифициран тренер за емоционална интелигенција, Европски сертифициран психолошки советник, Мастер тренер за програмата PRIDE.

Маркетинг менаџер во Инфомедиа Системи Скопје е од формирањето на компанијата.

Се смета себеси за личност која сигурно чекори низ животот и се пронаоѓа во повеќе полиња, а сето тоа се  должи на нејзината напорна работа, учење и усовршување.

Во својата повеќегодишна работа примарно користи теориски концепти и методи од областа на Трансакциска Анализа (ТА) кои даваат одлични разултати во работата со клиентите. Посебно е посветена на работа во две области: психотерапија и советување и организациска психологија.

Преку организирање и реализација на работилници и семинари за работни организации, тимови и групи придонесува за подобрување на нивното функционирањето, градење на капацитетите и развој во областа на: Комуникациски вештини, Справување со стрес, Конструктивно разрешување на конфликти, Давање на повратни информации, Работни стилови,  Емоционална интелигенција (EQ), Презентациски вештини, Менаџерски вештини и лидерство, Мотивација и успех, Продажни вештини и Вештини на преговарање.

Води групи за личен раст и развој, се бави со индивидуално и групно психолошко советување и life-coaching. Во својата повеќегодишна пракса со клиенти, успешно работи на надминување на:  Анксиозноста и депресијата, Разрешување на емоционални проблеми, Процеси на тагување и справување со загуби, Нарушени меѓучовечки односи, Кризи во партнерските врски и во услови на нивно раскинување, Проблеми поврзани со ниска самодоверба, Срам, Трема, Недостаток на комуникациски вештини за воспоставување на здрави релации и односи, Развивање на вештини за донесување одлуки.

Интуицијата ја води кон овој проект и верува дека со него ќе продолжи да се развива, како и да им помогне на младите психолози да го изберат својот професионален пат.

** Сесиите може да се одвиваат и во живо. **

 

 

 

Слободни термини

Зорица во моментот нема слободни термини

Мејл за контакт: [email protected]